Достапни линкови

logo-print

Нема договор меѓу Украина и ЕУ, разговорите продолжуваат


Разговорите меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович и лидерите на ЕУ досега не донесоа договор во последен момент, според кој Украина би потпишала спогодба за асоцијација со Унијата. Разговорите за ова прашање се очекува да продолжат денеска на Самитот на ЕУ за источно партнерство во главниот град на Литванија, Вилнус. Претседателот на Литванија Далиа Грибаускаите по синоќешната средба со Јанукович изјави дека нема промена на украинската позиција.
Оваа земја во Вилнус треба да потпише спогодба за политичко асоцирање со ЕУ и договор за слободна трговија, но ден пред самитот Јанукович изјави дека понудата за помош од ЕУ е недоволна и оти Киев има потреба од продолжување на блиските врски со соседот Русија.
Илјадници Украинци во текот на оваа недела протестираат против одлуката на властите.
XS
SM
MD
LG