Достапни линкови

Кинески воени авиони над спорните острови во Источно Кинеско Море


Кина соопшти дека нејзини воени авиони летале над новопрогласената воздушна одбранбена зона во спорната територија кај Источно Кинеско Море. Овој чекор е објавен вчера, откако сојузниците САД, Јапонија у Јужна Кореја соопштија дека нивни воени авиони деновиве ја надлетале оваа зона без претходно да ја известат Кина за тоа. Кинеската државна новинска агенција Синхуа објави дека неколку кинески борбени авиони и летало за рано предупредување спровеле рутински патроли над оваа зона.
Односите меѓу Кина и Јапонија се затегнати со месеци во врска со спорните острови во тој регион. Островите, наречени Диаоју во Кина и Сенкаку во Јапонија, моментално се под јапонска административна контрола.
XS
SM
MD
LG