Достапни линкови

Москва го осуди нападот врз руската амбасада во Дамаск


Руската амбасада во Дамаск

Русија го осуди смртоносниот напад вра руската амбасада во Дамаск во кој загина еден Сириец, а девет локални жители беа повредени. Во вчерашниот напад нема повредени Руси. Во соопштението на министерството за надворешни работи се осудува инцидентот како терористички акт и се повикува на казнување на извршителите.
Американскиот Стејт департмент исто така го осуди инцидентот.
Амбасадата на Русија, која е поддржувач на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, годинава уште два пати беше цел на напади од осомничени бунтовнички сили, кои сакаат да ја соборат владата.
XS
SM
MD
LG