Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Ирак, десетици загинати


Најмалку 30 луѓе загинаа во вчерашната серија напади со автомобили бомби во Ирак. Најкрвавиот напад беше извршен во Хила, околу 100 километри јужно од главниот град Багдад, каде што три одвоени автомобили бомби оштетија отворени пазари и неколку продавници, при што загинаа 9 лица. Властите соопштија дека сите експлозии се случиле во период од 5 минути.
Порастот на бројот на бомбашки напади во Ирак го зголеми страхувањето за враќање на меѓусекташките крвопролевања кои ја втурнаа земјата на работ на граѓанска војна во 2006 и 2007 година.
XS
SM
MD
LG