Достапни линкови

logo-print

Уапсени политички активисти во Египет


Египетските безбедносни сили уапсиле видни политички активисти за наводно поттикнување на народот да протестира против новиот закон, според кој демонстрациите треба да добијат одобрение од властите. Семејството на Ала Абдел Фатах соопшти дека тој бил уапсен ноќеска во неговиот дом во Каиро. Неговиот татко изјави дека полицијата ја тепала сопругата на синот и конфискувала неколку лаптопи.
Абдел Фатах, познат како секуларист, стана видна личност за време на револуцијата во 2011-та, кога беше соборен од власт долгогодишниот претседател Хосни Мубарак.
Групите за заштита на правата го осудија новиот закон за демонстрации, нарекувајќи го длабоко репресивен и спротивен на меѓународните стандарди. Законот им дозволува на властите да забранат секаков митинг на повеќе од 10 лица на јавно место, доколку собирот не е претходно одобрен.
XS
SM
MD
LG