Достапни линкови

Бугарија ќе постави ограда на дел од границата со Турција


Бугарските власти соопштија дека во дел од 274 километри долгата граница со Турција ќе почнат да поставуваат ограда, со цел да се спречи влегувањето на илегални имигранти. Бугарскиот министер за одбрана Ангел Најденов изјави дека оградата ќе биде со должина од 30 километри и висока три метри и оти таа е планирано да биде завршена до февруари идната година. Оградата ќе минува претежно низ шумски и ридски предел, каде што е ограничена прегледноста на теренот за пограничните патроли.
Бугарските власти ги отфрлаат критиките дека оградата се поставува за да се спречи влегувањето на бегалци од Сирија и други земји, зафатени од војни.
Во Бугарија во последно време значително е зголемен приливот на имигранти, чиј број во голема мера ги надминува капацитетите на најсиромашната земја во ЕУ.
XS
SM
MD
LG