Достапни линкови

Поголеми општини – повеќе корупција


Перцепција на корупција во општините
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Перцепција на корупција во општините

Граѓаните сметаат дека во поголемите општини има корупција при менувањето на урбанистичките планови, за разлика од помалите општини, вели првиот антикорупционер Ѓорѓи Сламков.

Стручна помош за изработка на законски и подзаконски акти, подобрување и олеснување на системот за електронски одобренија за градба и повеќе стручен кадар се само дел од препораките за поуспешно справување со корупцијата во единиците на локална самоуправа. Препораките се изведени од анализата на анти-корупциските мерки во локалната самоуправа која ја изготвија Државната комисија за спречување корупција и ОБСЕ.
Во однос на лица, субјекти, функционери коишто граѓаните ги перципираат како поподложни на злоупотреба на својата позиција во преден план го истакнуваат градоначалникот, а потоа ги спомнуваат и инспекциските органи.
Ѓорѓи Сламков, претседател на Антокорупциската комисија.

Првиот човек на Комисијата, Ѓорѓи Сламков, вели дека интересен податок од истражувањето е тоа што граѓаните сметаат дека во поголемите општини има корупција при менувањето на урбанистичките планови.
Амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет и претседателот на Антикорупциската комисија Ѓорѓи Сламков.
Амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет и претседателот на Антикорупциската комисија Ѓорѓи Сламков.

„За разлика од помалите и средни општини каде што тоа не е случај, што е сосема разбирливо бидејќи вредноста на градежното земјиште во тие општини е значително помала. Потоа во однос на лица, субјекти, функционери коишто граѓаните ги перципираат како поподложни на злоупотреба на својата позиција во преден план го истакнуваат градоначалникот, а потоа ги спомнуваат и инспекциските органи“, рече Сламков.
Повеќето од граѓаните, 49,8 проценти, не се согласуваат дека средствата се користат, што значи дека се сомневаат дека можеби тие се злоупотребуваат за други цели.
Никола Спасов, Агенција Рејтинг.

Важен елемент е и информираноста кога станува збор за сомненија за корупција, забележува тој.

„Колку повеќе граѓаните се информирани за работењето на локалните органи, толку повеќе има доверба во нивното постапување и е помало сомневањето дека буџетски средства или средства на општината се трошат на коруптивен начин“, рече Сламков.

Поконкретно податоците покажуваат поделеност меѓу анкетираните околу прашањето дали парите од општинските каси се трошат во интерес на жителите, вели Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“.

„Повеќето од граѓаните, 49,8 проценти, не се согласуваат дека средствата се користат, што значи дека се сомневаат дека можеби тие се злоупотребуваат за други цели. Околу 45 проценти целосно или главно се согласуваат дека овие средства се користат токму во интерес на граѓаните“, рече Спасов.

Корупцијата не е само морален проблем туку претставува и проблем за ефикасно владеење, вели амбасадорот на ОБСЕ во земјава Ралф Брет.

„Ќе имаме добро владеење доколку вистинските луѓе се на вистинското место, законските процедури се следат правилно и средствата се трошат наменски“, рече Брет.

По анализата се препорачува отворање и екипирање на единица за внатрешна ревизија како и измени на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола.
XS
SM
MD
LG