Достапни линкови

Обама ја честита 101-годишнина од независноста на Албанија


Американскиот претседател Барак Обама испрати телеграма со честитки до албанскиот претседател Бујар Нишани по повод 101-годишнината од независноста на Албанија, во која му оддаде признание за придонесот на земјата во зачувување на стабилноста на Балканот.
Обама во телеграмата дава висока оценка и за ангажманите на Албанија за зачувување на мирот и безбедноста на глобално ниво, вклучувајќи ја и меѓународната мисија во Авганистан.
Во телеграмата е посочено дека Албанија и САД одржуваат континуирано партнерство, кое се базира на взамените интереси.
XS
SM
MD
LG