Достапни линкови

Дневен печат - невработеност, буџет и ЕУ


Macedonia -- newspapers, 10Feb2012

Macedonia -- newspapers, 10Feb2012

Како се намалува бројот на невработените, Буџетот тешко се полни, Дали уште работиме на европската агенда?, се само дел од насловите во весниците.

„Избришани повеќе од 100.000 вработени“, ја објавува Нова Македонија анализата на Либералната партија за тоа како се намалува бројот на невработените: оние кои активно бараат работа треба да се пријавуваат на два месеца, но најчесто, поради неинформираноста тие не го прават тоа, и потоа се бришат од списоците.
Весела математика со невработеноста во Прилеп. Според Агенцијата за вработување, во моментов во тој град има над 7.000 невработени, што би значело дека за седум години се отвориле дури 17.320 нови работни места!

„Весела математика со невработеноста во Прилеп“, насловува Утрински, појаснувајќи дека според Агенцијата за вработување, во моментов во тој град има над 7.000 невработени, што би значело дека за седум години се отвориле дури 17.320 нови работни места!

Утрински оди со наслов „Буџетот тешко се полни, минусот сè подлабок“, со дополнување дека дефицитот во државната каса достигнал нешто помалку од 300 милиони евра или 89 отсто од Дневник - Според европската статистичка организација Евростат, Македонците се први по земањето бугарски пасоши.

Дневник - Според европската статистичка организација Евростат, Македонците се први по земањето бугарски пасоши.

новиот износ. Но затоа странските задолжувања продолжуваат - со странски кредити 2014 „ќе биде година на изградба на патишта“, го цитира во наслов Вечер министерот Ставрески.
Станува збор за кредит од над 500 милиони евра од кинеската Ексим банка.

„На гласање ќе оставаме и отпечаток од прст за да се отстранат какви и да е манипулации при гласањето“, се новините во Изборниот законик што ги објавува Дневник. Истиот весник објавува дека, според европската статистичка организација Евростат, Македонците се први по земањето бугарски пасоши, на Кипар биле трети, а во Словенија четврти. Желбите на нашите граѓани да одат во Европа со туѓи пасоши се едно, а реалноста е друга: Утрински објавува анализа со прашањето: „Дали уште работиме на европската агенда?“.

Известувачот Ховит во октомври побара прогрес во имплементацијата на препораките од Анкетната комисија за 24 декември, напредок во постигнувањето договор со Бугарија и видлив напредок во слободата на изразување, но политичките опозициски кругови ја обвинуваат Владата дека не е направен ниту мал исчекор кон реализирање на овие препораки, пишува Утрински. Уставниот суд го одби предлогот за воведување привремена мерка за запирање на лустрацијата според постојниот закон, и веќе за в петок е најавено лустрирањето на егзекуторите на Ченто, информира истиот весник, кој во исто време јавува дека „Комисијата за лустрација виси“ бидејќи мандатот на лустраторите им истекува на 15 јануари, а за избор на нов состав е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG