Достапни линкови

logo-print

Груевски - Времето ќе покаже дали Субрата Рој ќе инвестира во Македонија


Архивска фотографија: Сопственикот на Сахара групацијата Субрата Рој, премиерот на Македонија Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески на отворањето на Балканскиот мировен фестивал во Скопје на 1 октомври 2013.

Архивска фотографија: Сопственикот на Сахара групацијата Субрата Рој, премиерот на Македонија Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески на отворањето на Балканскиот мировен фестивал во Скопје на 1 октомври 2013.

Ние не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата рече дека ќе инвестира, рече премиерот Никола Груевски на собраниската седница за пратенички прашања.

Времето ќе покаже дали Субрата Рој ќе инвестира во Македонија. Ние никогаш не сме рекле дека ќе инвестира, тој го кажа тоа, рече премиерот Никола Груевски на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ.
Во ликот на контроверзниот Субрата Рој видовте надеж за нови манипулации.

Спасовски обвини дека индискиот бизнисмен добива третман од власта за кој домашните инвеститори може само да сонуваат, иако, како што рече, индискиот Врховен суд му го замрзна имотот и му забрани да ја напушта земјата. Зошто и покрај тоа, Субрата Рој е најпосакуваниот бизнисмен во земјава, праша пратеникот.
Архивска фотографија: Индискиот бизнисмен Субрата Рој го посети Охрид на 10 јули 2013 година.

Архивска фотографија: Индискиот бизнисмен Субрата Рој го посети Охрид на 10 јули 2013 година.


Не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата, јавно, во интервјуа кажа кој е неговиот интерес.
„Во ликот на контроверзниот Субрата Рој видовте надеж за нови манипулации. Му дадовте земја за нула денари и други бенефиции за кои домашните инвеститори може само да сонуваат. Заедно со вашиот кум, министерот за финансии Ставрески, му приредувате спектакуларни фестивали. Разбирливо е, вие и Субрата Рој имате слични карактеристики и се служите скоро со исти методи и верувам дека поради тоа има добра комуникација со вас. Дополнително, пред неколку дена во Скопје можеше да се види како неговиот син со полициска придружба, како да е функционер од највисок ранг во Република Македонија, се пренесува од една од кафеаните, кафулињата, до хотелот каде што престојува“, рече Спасовски.
Архивска фотографија: Индискиот милијардер Субрата Рој ја посети Македонија и се сретна со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на 15 јуни 2012 година.

Архивска фотографија: Индискиот милијардер Субрата Рој ја посети Македонија и се сретна со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на 15 јуни 2012 година.


Премиерот Груевски одговори дека владата се однесува исто кон сите странски компании кои изразиле намера да инвестираат во земјава. Не сме дале земјиште без пари, а фестивалот сами си го организираа. За нас е важно да работи според македонските закони и да отвори работни места, одговори премиерот.

Ставрески беше таму, ако не се сеќавате, пиеше шампањско на нивите, ораше заедно со Субрата Рој.
„Не знам, навистина не знам од каде ви е тој еден посебен однос кон само една таква компанија, со што ви смета и кои се причините за вака да се однесувате и да зборувате цело време за таа компанија. Дали таа ќе инвестира или нема да инвестира, времето ќе покаже. Ние не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата, јавно, во интервјуа кажа кој е неговиот интерес“, одговори Груевски.

Секретарот на СДСМ Спасовски реплицира дека не се фокусира опозицијата на индискиот бизнисмен, туку токму власта.
Индискиот бизнисмен Субрата Рој.

Индискиот бизнисмен Субрата Рој.


„Па Ставрески беше таму, ако не се сеќавате, пиеше шампањско на нивите, ораше заедно со Субрата Рој со тракторите што ги земавте од фирма од Битола, па им ги вративте после, за неколку дена“, рече Спасовски и праша дали и другите странски инвеститори имаат таков третман од владата.
Вие не одевте затоа што не ве канеа бидејќи немаше кој да ве кани, немаше инвеститори.

„Што е тоа што толку ве врзува за Субрата Рој, којшто со пресуда на нивниот Врховен суд, во земјата од која што доаѓа, му се замрзнува целиот имот поради зделките што таму ги правел“, праша секретарот на СДСМ.

Груевски одговори дека СДСМ не знае како е кога ќе дојдат големи инвеститори во Македонија.

„Зошто Ставрески се појавил ваму, зошто бил на орањето, зошто бил таму? Затоа што го поканиле, затоа што го поканува инвеститор којшто влегува во некоја инвестиција, затоа отишол. Вие не одевте затоа што не ве канеа бидејќи немаше кој да ве кани, немаше инвеститори. Како ќе одите некаде кога не сте поканети, а како ќе ве поканат кога не доаѓаат во земјата“, рече премиерот.

Груевски рече дека Македонија се однесува одлично кон сите домашни и странски инвеститори и оти затоа ги прошируваат производствените погони.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG