Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски да поднесе кривични прјави за Скопје 2014


ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски за комисиските наоди за проектот Скопје 2014 ја оквалификува како паушална и смешна информацијата за наводно проблематично постапување со 8 милиони евра во општината.

Во сите постапки, според ВМРО-ДПМНЕ, се почитувани правните нормативи од Законот за јавни набавки и од сите материјални закони, во секоја постапка се почитувани правото на жалба, надзор над спроведувањето на набавката, комисиското одлучување, одлучувањето за намената на средствата, спроведена ревизија од надлежните државни органи.

Владејачката партија бара Жерновски како градоначалник да поднесе кривични пријави против тие за кои смета дека ги прекршиле законите поврзано со проектот „Скопје 2014“.
XS
SM
MD
LG