Достапни линкови

Мора да има одговорност за сето ова. Не може обвинителството да молчи, мора да излезе со изјава. Останува да се надевам, рече Жерновски по објавувањето на вториот ревизорски извештај за Скопје 2014.

Осум милиони евра повеќе платила Општина Центар за споменици за проектот Скопје 2014, се посочува во вториот извештај за ревизијата на проектот по барање на градоначалникот на општината Андреј Жерновски. Вториот, не е финален извештај, посочи еден од неговите изработувачи Драган Малиновски. Според поранешниот антикорупционер во проектов има уште работа, особено што се однесува до странските фирми кои добиле најголем дел од парите за изведба на споменици.

Комисијата забележала дека се фаворизирале фирми, како што е случајот со две италијански фирми поврзани преку сопственикот Фернандо Маринели. Останатите учесници на различни начини биле исклучувани од постапката, па така овие фирми ги изработиле сите споменици во периодот од јуни 2008 до јуни 2010, иако останатите понудувачи имале​драстично ниски цени.

За наведените 11 споменици општината на овие фирми им платила околу 8 милиони евра повеќе од она што реално било понудено.
„Сите тендери почнувајќи од Гоце Делчев и Даме Груев па завршувајќи со Прво заседание на АСНОМ ги добиле фирмите Fonderia Aristica Fernanndo Marinelli и Petro Bazzanti. Индикативен е податокот дека во сите ситуации кога овие две фирми ги добиле тендерите, сите други понудувачи понудиле драстично пониски цени од нивните. Доколку се споредат цените на понудите во осумте случаи ког аовие фирми ги добиле тендерите се добива разлика од 4, 228 милиони евра. Во просен понудите на фирмите на Фернандо Маринели за два ипол пати односно за 153 проценти. Во сумата од 4, 228 милиони евра не е влезена пресметката за трие останати објекти Воин на коњ, лавови десно и Цар Самоил бидејќи таму и нема други понудувачи. За овие три споменици општината платила 3, 770 илјиади евра повеќе од реалните, што значи дека за наведените 11 споменици општината на овие фирми им платила околу 8 милиони евра повеќе од она што реално било понудено“, вели Малиновски.
Комисијата која работи на ревизијата констатирала неправилности при јавните набавки за изработка на модели, притоа авторите давале нејасни пресметки и речиси сите автори давале слични примери на пресметки, што укажува дека имало извесно координирање меѓу авторите и општината. Потоа во извештајот се наведува дека едно се договарале, а друго се правело. Како што е примерот со споменикот „Воин“. Иако првично требало да има една фонтана и еден споменик, потоа тоа прераснало во комплекс со четири фонтани и неколку споменици, за што авторката Валентина Стевановска добила сума од 1,5
Мора да има одговорност за сето ова. Не гледам на кој начин може, не може обвинителството да молчи, мора да излезе со изјава. Останува да се надевам.
милиони евра. Но има и обратна ситуација кога се изградило и помалку од договорено, како што е пример со лавовите на мостот Гоце Делчев. И двата типа на лав се предадени со помалку релјефна површина. Тие за релјефите побарале по 1.500 евра по метар квадратен, а предале површини помали за 5, 92 метри квадратни, со што од општината неосновано наплатиле 17, 760 евра. Забележан е и пример кога споменици правеле фирми који не биле регистрирани за таа дејност. Така Цар Самоил и Методија Андонов Ченто го правела фирма која меѓу другото се занимава со трговија на мебел и предмети за уредување и орнаменти, гоблени и везови.

Ревизијата на проектот беше едно од главните ветувања на Жерновски. Тој вели дека не е воопшто изненаден од резултатите. Но што се однесува за понатаму, кај него останува само надежта дека институциите нешто ќе преземат за сакционирање на виновниците. И овој , како и привиот извшетај од август ќе биде предаден на обвинителството. Од обвинителството се уште нема реакција за првиот.

„Мора да има одговорност за сето ова. Не гледам на кој начин може, не може обвинителството да молчи, мора да излезе со изјава. Останува да се надевам.“

Комисијата која работеше на ревизија на проектот по барање на Жерновски, засега завршува со работата. Паралелно со нивната ревизија, проектот го проверуваше и Државната ревизија.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го повика Жерновски да поднесе кривични пријави против тие за кои сметаат дека ги прекршиле законите, а поврзано со проектот Скопје 2014.

„Се тресеше гората, се роди глушец. Нема фанфари, нема битки на Жерновски против власта, нема револуции и востанија на СДСМ, денес има една паушална и смешна информација од Општина Центар за наводно проблематично постапување во врска со 8 милиони“, стои во соопштението.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG