Достапни линкови

Грузија и Молдавија го иницираа доближувањето до ЕУ


Вилнус, 28.11.2013

Вилнус, 28.11.2013

Грузија и Молдавија, денеска во Вилнус, го иницираа договорот за асоцијација со Европската Унија, пред почетокот на самитот за Источното партнерство. Официјалната церемонија ќе се одржи утре во рамките на самитот. Грузијскиот заменик шеф на дипломатијата Давид Залкалиани, кој ја предводи грузијската делегација во Вилнус, изјави за Радио Слободна Европа дека иницирањето на документот од илјада страници значи дека тоа е неповратен процес. Потпишувањето на договорот ќе им овозможи на Грузијаи на Молдавија поблиска економска соработка со Унијата, како и помош во прилагодувањето на законодавниот, судскиот и економскиот систем кон европскиот.
XS
SM
MD
LG