Достапни линкови

И покрај штрајкот, железничкиот сообраќај без застој



Железничкиот сообраќај се одвива без прекини и ќе продолжи да се одвива така и покрај штрајкот на Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија, рече денеска на прес-конференција директорот на МЖ „Транспорт“ Скопје Оливер Деркоски.
Според него, нема да се реализира најавата за целосен прекин на железничкиот сообраќај. Има и други машиновозачи во претпријатието во кое функционираат шест синдикати, наведе Деркоски.
Според Деркоски, точно е дека возовите се стари, но за нивното одржување и безбедност се грижи цел тим и стоиме зад гаранцијата за безбедност.
XS
SM
MD
LG