Достапни линкови

Ден на албанското знаме, - прослава во Зајас


Годишнината од Денот на националното знаме на Албанците – 28 ноември денеска се одбележува во кичевското село Зајас со отворање на Меморијалниот центар „Албанска мајка“.
Центарот „Албанска мајка“ е изграден по повод 100-годишнината од Балканските војни.
Активностите за Денот на знамето се одвиваат под покровителство на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.
На 28 ноември 1912 година албанскиот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со 83 делегати го постави националното знаме во Валона и ја прогласи Албанија за независна. По прогласувањето на независноста, Собранието во Валона ја формира првата влада на независна Албанија управувана од Исмаил Ќемали.
XS
SM
MD
LG