Достапни линкови

logo-print

Во Вилнус самит на ЕУ за Источното партнерство


Евро-комесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска дека Украина испушти уникатна можност да го запре обесхрабрувачкиот тренд на намалување на директните странски инвестиции и да добие нов поттик во преговорите со Меѓународниот Монетарен Фонд за нов стенд бај аранжман. Зборувајки на конференцијата за граѓанско општество во Вилнус, Филе додаде дека сега и многу можности за модернизација и инвестиции во Украина се одложени. Попладне во Вилнус започнува самитот на Европската Унија со 6-те поранешни советски републики, вклучени во Источното партнерство. Некои од нив ќе потпишат договор за асоцијација и слободна трговија со Европската Унија. Украина се откажа од потпишувањето на договорот.
XS
SM
MD
LG