Достапни линкови

logo-print

Втор ревизорски за Скопје 2014, Обвинителството молчи


Доколку има наоди во вториот извештај за ревизијата на проектот „Скопје 2014“, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски повторно ќе го достави до обвинителството.

Половина година откако власта во Општина Центар е во рацете на Андреј Жерновски излегува вториот извештај за фактичката состојба за реализација на проектот Скопје 2014. Едно од главни ветувања на Жерновски беше целосна ревизија на документацијата за проектот. Паралелно со ревизиите на Комисијата во која се антикорупционерите Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, проектот го проверува и Државната ревизија.
Јас за првиот дел документот веќе го доставив до обвинителството, доколку има наоди за вториот, ќе го сторам тоа повторно.

Запрашан дали по финалните извештаи, очекува некаква реакција од Јавното обвинителство, Жерновски неодамна во интервју за Радио Слободна Европа, одговори:

„Јас за првиот дел документот веќе го доставив до обвинителството, доколку има наоди за вториот, ќе го сторам тоа повторно, се разбира, затоа што сум должен да го направам Прес-конференција за ревизијата на проектот Скопје 2014 во Општина Центар. Антикорупционерите Слаѓана Тасева и Драган Малиновски и градоначалникот Андреј Жерновски.

Прес-конференција за ревизијата на проектот Скопје 2014 во Општина Центар. Антикорупционерите Слаѓана Тасева и Драган Малиновски и градоначалникот Андреј Жерновски.

тоа. Што прави обвинителството, дали воопшто ќе покрене некаква постапка, тоа ќе мора нив да ги прашате.“

Иако првиот извештај беше презентиран кој средината на август, за него се уште нема никаква реакција од обвинителството, потврди Жерновски.
Сериозно е нарушено функционирањето на правната држава и тоа како на локално, така и на централно ниво.

Во првиот извештај Комисијата обелодени меѓу другото дека реализацијата на проектот се одвивала на начин на кој се создава простор за нерегуларности и злоупотреба на буџетските средства. Во многу фази, реализацијата на проектите била оставена без јасно видлива и ефективна контрола. Тогаш беше посочено дека лиењето на скулптурата на Никола Карев првично требало да чини 5 милиони денари и да биде во бронза. Но, потоа огласот за јавна набавка бил променет и скулптурата требало да биде во мермер и да чини 45 милиони денари. Но, сепак, парите биле потрошени, а споменикот е во бронза.

Слаѓана Тасева презентирајќи го првиот извештај рече дека тие констатирале дека при водењето на постапки во проектот имало многу незаконитости.

„Сериозно е нарушено функционирањето на правната држава и тоа како на локално, така и на централно ниво. Насочувањето на пари за објектите од проектот од централниот на буџетот на општината немаат законска оправданост“, изјави Тасева.

По објавувањето на извештајот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека ако имало нешто незаконско во проектот, веројатно СДСМ и Жерновски на пресот ќе играле оро.

„Вака само се сплеткаа во сопствените погрешни очекувања, и откако не најдоа ништо незаконски, излегоа со паушални оценки без директно посочување кој и што конкретно направил надвор од законот“, реагираа од владеачката ВМРО – ДПМНЕ.

Извршниот директор на Транспарентност Македонија, Ана Јаневска Делева, вели дека и во нивните извештаи има конкретни примери за прекршување на законите и незаконското трошење на народните пари во овој проект. Таа се сомнева дека некој кривично ќе одговара.

„Јас не сум оптимист дека тоа ќе се случи, меѓутоа се надевам дека со промена на власта, со промена на некои структури во Република Македонија, дека некој, еден ден ќе одговара за ова“, вели таа.

За проектот, општината потрошила околу 55 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG