Достапни линкови

Продолжуваат анти-владините протести на Тајланд


Анти-владините демонстранти во Тајланд, кои бараат оставка од владата, ја исклучиле струјата за седиштето на националната полиција во Банкок. Претходно, премиерката Јинглук Шинаватра, откако не беше изгласана недоверба на владата, ги повика демонстрантите да ги прекинат уличните протести, истакнувајки дека и се нанесуваат штети на економијата на земјата. Од неделата демонстранти маршираат низ улиците на Банкок, главно пред министерствата, обидувајки се да ги блокираат. Демонстрациите главно се одвиваат мирно.
XS
SM
MD
LG