Достапни линкови

Британија ќе се брани од Бугари и Романци


Британскиот премиер Дејвди Камерон
Британскиот премиер Дејвди Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон најави мерки со кои на мигрантите од другите земји на Европската унија, особено посиромашните, ќе им се намалат правата на социјална помош. Тоа предизвика остра реакција од Брисел кој порача дека слободата на движење е едно од основните вредности врз кои се темели Европската унија.

Некои во новата најава на лидерот на британските конзервативци, премиерот Дејвид Камерон, гледаат на јасен политички потег пред изборите за европарламентот догодина и националните избори една година потоа.
Мораме да се сочиме со фактот дека слободното движење активира големи миграции на луѓе од сиромашните во богатите земји на Унијата.
Дејвид Камерон, премиер на Велика Британија.

Заостанувајќи на анкетите, Камерон вели дека ја дели длабоката загриженост од можниот бран од Романија и Бугарија откако на први јануари престануваат да важат рестрикциите за граѓаните на овие две земји да работат во Британија.
потпретседателката на Европската комисија Вивијен Рединг
потпретседателката на Европската комисија Вивијен Рединг

Според „Мигрејшн Воч“, околу 50 илјади Бугари и Романци би можело да влегуваат годишно во Британија во таканаречен „социјален туризам“.

„Европската унија денес е многу поинаква од онаа пред 30 години“, пишува Камерон во весникот „Фајненшал тајмс“, додавајќи:

„Мораме да се сочиме со фактот дека слободното движење активира големи миграции на луѓе од сиромашните во богатите земји на Унијата.“
Ако Британија сака да го напушти единствениот пазар, треба тоа јасно да го каже. Но, ако Британија сака да остане дел од тој пазар, тогаш мора да применува слободно движење. Не може да си имате ваша торта и сами да си ја јадете, господине Камерон.
Вивијен Рединг, потпретседателка на Европската комисија.

Камерон планира да го смени британскиот закон со што мигрантите од Европската унија би требало да чекаат три месеци пред да почнат да добиваат социјална помош, која, пак, ќе можат да ја загубат ако за шест месеци не најдат работа. Тие ќе немаат никакви бенефити за сместување.

Предвидена е и депортација на мигранти кои просат или спијат на улица.

Според Камерон, ограничувањето на слободното движење на мигрантите е дел од неговиот план за преобликување на британските врски со Унијата пред најавениот референдум најверојатно во 2017 година за тоа дали Британија да остане или да излезе од Унијата.

Оваа негова идеја треба да биде разгледана и со другите еврочленки, а може и да ја предизвика Евопската комисија да преземе некои законски потези.

Токму слободното движење, како што велат во Брисел, е главниот принцип на единствениот заеднички пазар од 500 милиони луѓе.

„Ако Британија сака да го напушти единствениот пазар, треба тоа јасно да го каже. Но, ако Британија сака да остане дел од тој пазар, тогаш мора да применува слободно движење. Не може да си имате ваша торта и сами да си ја јадете, господине Камерон“, му порача потпретседателката на Европската комисија Вивијен Рединг.

Критики дојдоа и од еврокомесарот за вработување Ласло Андор, кој оцени дека идејата на Камерон е „несреќна претерана реакција“.
Британскиот премиер Дејвид Камерон и германскиот канцелар Ангела Меркел
Британскиот премиер Дејвид Камерон и германскиот канцелар Ангела Меркел

Но, Камерон, вели дека таа е дел и од британскиот план за реформи на Европската унија, при што концептот на слободно движење ќе биде поставен врз почувствителни основи. Или, со други зборови, нема да има целосно слободно движење од сиромашните земји на Европската унија се додека тие не станат богати.

Според официјален Лондон, ваквиот британски став го делат и Германија, Австрија и Холандија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG