Достапни линкови

Кери од вторник во посета на Блискиот Исток и Молдавија


Американскиот државен секретар Џон Кери од 3-ти до 6-ти наредниот месец ќе престојува во посета на Блискиот Исток и Молдавија. Во Ерусалим, Кери ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за договорот меѓу Иран и големите сили во врска со нуклеарната програма на Техеран, а во Рамала е предвидена средба на Кери со палестинскиот лидер Махмуд Абас. Потоа, Џон Кери ќе отпатува за Молдавија каде што ќе разговара со државниот врв во Кишињев за молдавското доближување до Европската Унија. Тој ќе биде прв американски државен секретар кој ја посетил Молдавија по повеќе од дев декади.
XS
SM
MD
LG