Достапни линкови

Американските служби ги следеле исламистичките екстремисти на порно сајтови


Службите на американската Национална безбедносна армија ги следела активностите на исламските екстремисти на порнографски сајтови за да ги дискредитираат пишува порталот Хафингтон Пост повикувајќи се на тајни документи.Според тие документи до кои е дојдено преку поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден, американската служба следела шест неименувани радикални исламисти и нивните посети на порнографските сајтови. Целта на тој надзор ,како што се наведува е да се пронајде нивната лична слаба точка за да се поткопа кредибилитетот на исламистите. Хафингтон Пост објави делови од документите датирани од 3 ноември 2012 година. Овие шест исламисти не биле вклучени во терористички активности.
XS
SM
MD
LG