Достапни линкови

logo-print

Сириската влада и опозицијата ќе учествуваат на разговорите во Женева


Сириската влада и претставниците на опозицијата потврдија дека ќе учествуваат на мировните разговори за Сирија што ќе се одржат под покровителство на ОН. Како и да е двете страни продолжуваат да имаат различни ставови за целта на разговорите што треба да почнат на 22 јануари во Женева. Премиерот Ваел ал Халки изјави дека владината делегација нема да оди во Женева за да ја предаде власта туку само за да дискутираат во врска со политичкиот договор. Ахмад Џарба, лидерот на Сириската Национална Коалиција изјави дека средбата во Женева води кон формирање на транзициска демократска влада, без претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG