Достапни линкови

Јанукович се среќава со Европските лидери во Вилнус


Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска треба да има средба со Европските лидери, неколку дена откако тој кажа дека Украина не е подготвена да го потпише договорот за стабилизација и за слободна трговија со ЕУ. Јанукович треба да присуствува на вечерата со која се отвора третиот Самит на Источното партнерство и ЕУ во Вилнус,Литванија. Украина требаше на овој Самит да го потпише договор за стабилизација и слободна трговија со ЕУ. Во меѓувреме Украина исто така не успеа да ги исполни барањата на ЕУ да ја ослободи опозициската лидерка Јулија Тимошенко. Илјадници демонстранти вчера во Киев се собраа на протести против владата. Источното Партнерство ги опфаќа Еврменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.
XS
SM
MD
LG