Достапни линкови

logo-print

Обама разговараше со Саудискиот крал за Иран


Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговараше со кралот на Саудиска Арабија Абдулах за нуклеараниот договор меѓу Иран и шесте светски сили. Американските сојузници Саудиска Арабија и Израел се меѓу земјите кои изразуваат најмногу загриженост поради сомневањата дека Иран може да развива нуклеарно оружје. Белата куќа соопшти дека Обама му кажал на саудискиот монарх дека е важно за Иран да ги исполни обврските од договорот што беше постигнат минатата недела во Женева. Во соопштението се додава дека Обама и кралот се согласиле да имаат разговори и понатаму, додека продолжуваат преговорите. Минатата недела Иран се согласи да се откаже од делови од својата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG