Достапни линкови

Србија – Комесаријатот апелира да се пропуштат азилантите


Комесаријатот на Србија за бегалци апелираше синоќа мештаните кај селата Скеле, Ушќе и кај Обреновац да ја прекинат блокадата на патот и да овозможат сместување на азилантите во објектите што им ги намени владата. Околу 80 азиланти и натаму во автобуси чекаат да бидат привремено сместени во објектите, а главно станува збор за млади луѓе кои само поминуваат низ Србија, соопшти Комесаријатот.
Владата на Србија пред неколку денови го одобри објектот во Обреновац за привремено сместување на барателите на азил во Србија, додека за таа намена не се преуреди касарната во Младеновац.
XS
SM
MD
LG