Достапни линкови

logo-print

Путин најави зајакнување на стратегиските ракетни сили


Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека руските стратегијски ракетни сили, во наредната година ќе добијат 22 нови интер-континентални балистички проектили. Обраќајки се на конференција во Сочи, Путин истакна дека проектилите ќе можат да дејствуваат во каков било одбранбен ракетен систем, и денес и во иднина. Денешната средба на Путин е прва од најавената серија на состаноци за одбранбени прашања кои ќе ги има со највисоките руски воени претставници.
XS
SM
MD
LG