Достапни линкови

Наставниците недоволно мотивирани и платени


Прв училиштен ден во новото основно училиште „Александар Македонски“ во општина Аеродром.

Прв училиштен ден во новото основно училиште „Александар Македонски“ во општина Аеродром.

Наставниците треба да се мотивираат, нивните плати не се такви да ги привлечат најспособните кандидати. Потребна е и поголема пракса за идните наставници, недостигаат нагледни средства во училиштата. Ова се само дел од забелешките во анализата за професионален и кариерен развој на наставниците. Проектот е финансиран од УСАИД, а го реализира Македонскиот центар за граѓанско образование.

Платите на наставниците не се такви да ги привлечат најспособните кандидати. Иако нивните плати се редовни и стабилни, сепак во пракса нема напредување во кариерата и затоа наставник со близу 30 години работен стаж може да заработи просечна плата на ниво на држава. Додатоците на плати за наставници кои работат во рурални средини или во комбинирани паралелки се недоволни да ги мотивира да работат во таква средина. Ова се дел од забелешките во Анализата за развој на наставните. Проект за професионален и кариерен развој на наставниците е спроведен во период април -септември 2013. Проектот е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД, а го реализира македонскиот центар за граѓанско образование.
Со оглед на тоа што имаме училишта кое се во рурални средини добро е општината да ги менаџира вработувањата и да обезбеди квалитетни наставници за секое дете.

Во Анализата се препорачува да се постават јасни очекувања од наставниците, да се обезбеди квалитетен кадар, идните наставници за време на образованието да имаат повеќе пракса, вештините на наставниците треба да се поврзат со потребите на учениците, со наставниот кадар треба да раководат високо професионални директори, наставата и учењето треба да се следат, потребна е подршка за професионалниот развој на наставниците, а и нивна Министерот за образование Спиро Ристовски на отворање спортска сала во општина Петровец.

Министерот за образование Спиро Ристовски на отворање спортска сала во општина Петровец.

мотивираност.


Директорот на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ презентирајќи ги наодите и препораките од Анализата рече дека една од препораките е да се обезбедат компетентни наставници за сите ученици.
Но за квалитет на образованието не се одговорни само наставниците, туку сите ние на различни начини сме вклучени и одговорни во образованието.

„Со оглед на тоа што имаме училишта кое се во рурални средини добро е општината да ги менаџира вработувањата и да обезбеди квалитетни наставници за секое дете, а исто така да се менаџира добро и со дефицитарниот кадар.“

Според Хорватовиќ битна препорака е и мотивирањето на наставниците за работа.

„Цениме дека луѓето кои ја одбрале професијата наставник ја одбираат прфесијата пред се зошто сакаат да го работат тоа, меѓутоа исто така сме свесни дека за нивна континуирана мотивираност , да работат на сопствено надградување и професионален развој потребно е да се развие систем на карирерно унапредување.“

Наставните и образовниот систем се клучни за цврсто и напредно општество, вели амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.

Целта на овој проект е да се подобри статусот и квалитетот на наставниците, а со тоа да се обезбеди и квалитетно образование, вели министерот за образование Спиро Ристовски.

„Но за квалитет на образованието не се одговорни само наставниците, туку сите ние на различни начини сме вклучени и одговорни во образованието, почнувајќи од Министерството за образование, локалната самоуправа, образовните институции и секако учениците и нивните родители.“

Во анализата се наведува дека постои нерамномерност на бројот на ученици по наставник. Има училишта каде наставник има по 34 ученици, горната граница од дозволеното, а во просек еден наставник има 11,6 ученици. Исто така се наведува дека недостасуваат нагледни средства во училиштата.

Како предизвици со кои треба да се справи образовниот систем е и тоа што нема усогласени долгорочни политики за тоа какви видови оценувања на учениците ќе се вршат, какви анализи ќе се прават и за кои цели ќе се користат сознанијата. Постои голема недоверба во објективноста на оценките од интерните оценувања. Наставниците не се доволно информирани за можноста за професионален развој, директорите често не водат кадровска политика, туку неправедано привилигираат некои наставници постојано праќајќи ги на обука. Што се однесува до вработувањето, во анализата стои дека единствен услов е соодветното образование и положен стручен испит, а не постои пробен период во работата. Голем број наставници се вработуваат на определено, но не со цел да се провери нивниот квалитет, туку училиштето да се заштити од евентуален вишок на кадар, а при трансформацијата на работниот однос, одлучувачко е колку време работел на определено, а не квалитетот на работата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG