Достапни линкови

Азаров - Киев и натаму е заинтересиран за ЕУ


Украинскиот премиер Микула Азаров изјави дека преговорите со ЕУ продолжуваат и покрај одлуката на владата да не ја потпише спогодбата за Асоцијација со ЕУ.

Во меѓувреме во Украина денеска 4 ден анти - владини протести на кои им се приклучија и студентите. Продолжува и штрајкот со глад на поранешната премиерка Јулија Тимошенко која е во затвор осудена за злоупотреба на функцијата, што според неа е политички мотивирано.

Опозицијата протестира затоа што владата одби да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ на самитот во Вилнус.
XS
SM
MD
LG