Достапни линкови

Русија: затворени 15 исламски радикали


Архива

Архива

Руските власти соопштија дека затвориле 15 исламски радикали во Москва. Според полицијата, 14 од нив биле членови на „Такфир вал Хиџра“ и кај нив било пронајдено оружје и експлозив.

Оваа група била формирана во Египет во 60 тите години а ставена надвор од законот во Русија во 2010 година. Се верува дека е поврзана со Ал Каеда.

Во Русија е зголемена будноста, меѓу другото, и поради Зимските Олимписки Игри во Сочи, црно морски град, во близина на немирниот руски северно кавкаски регион.
XS
SM
MD
LG