Достапни линкови

Нов бран лажни азиланти кон ЕУ


Илустрација.

Илустрација.

Свесни се дека нема да добијат азилантски статус, но за нив е сосема доволно да ја поминат зимата во поразвиените земји во Западна Европа, вели Мухамед Точи од невладината Месечина.

Нов бран на лажни азиланти веќе се упатил кон земјите од ЕУ, велат некои од невладините организации кои ја следат ситуацијата. Најголем дел од барателите на азил се припадници на ромската популација за кои зимскиот период е особено тежок и целта им е не да останат во странските земји, туку само перидот да го поминат со топол оброк и со обезбедени основни услови за живот. Тоа го потврдува и Мухамед Точи од невладината Месечина, кој вели дека Ромите живеат во уште поголема беда од минатите години.
Нивното размислување оди до таму што, во слободен разговор, велат дека за нив е сосема доволно да ја поминат зимата во поразвиените земји во Западна Европа.

„Нивното размислување оди до таму што, во слободен разговор, велат дека за нив е сосема доволно да ја поминат зимата во поразвиените земји во Западна Европа, сосема им е е доволно таму да бидат згрижени во текот на зимата. Свесни се дека нема да добијат азилантски статус и свесни се дека еден ден ќе се вратат. Оваа зима веќе е почнат бранот.“

Портпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека владата формирала Висок комитет на министри кој го следи феноменот на лажни азиланти, како и измени во кривичниот законик за злоупотреба на правата од безвизниот режим и законот за патни исправи. Според него МВР спроведува засилени активности.
Нам ни останува единствено со уште позасилено темпо да ги преземаме мерките што и досега ги преземавме и да спречиме каков било повод за евентулано активирање на тој механизам.

„Почнувајќи од засилени контроли насочени кон македоснки граѓани при напуштање на териотријата на Република Македонија, во поглед на проверка на патни исправи, потребни финансиски средства потребни за престој во земјите членки на ЕУ, спроведување на интервјуа со граѓаните во поглед на нивната дестинација на патувањето, целта и мотивите за патување.“

Точи вели дека полицијата не треба да ги заострува мерките и да ги дискриминира Ромите на граничните премини, туку владата да најде излез за нив.

„Владата треба сериозно да почне да размислува за овој проблем да се намали. Потребно е да влезе во ромските заедници, да ги праша што за нив е потребно во текот на зимата, па така да се намали бројот на азиланти.“

Македонија се соочува и со механизмот за суспензија на безвизниот режим, кој според Котевски не зависи од земјата, туку за него одлучува ЕУ.

„Нам ни останува единствено со уште позасилено темпо да ги преземаме мерките што и досега ги преземавме и да спречиме каков било повод за евентулано активирање на тој механизам.“

До крајот на октомври според Котевски биле евидентирани околу 2.270 лица кои биле протерани од друга држава, најчесто Германија, Швајцарија и Белгија, а на граничните премини не им бил дозволен излез на 4.300 државјани. Поднесени се 15 кривични пријави за дела поврзани со лажните азиланти, а спроведени се и трибини, средби и работилници, како и спотови и флаери за тоа што претставува безвизниот режим.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG