Достапни линкови

logo-print

Дванаесетта акција „Ден на дрвото“


Под мотото „Засади здравје, засади здрава иднина!“ денеска ќе се одржи дванаесеттата акција „Ден на дрвото“, во која треба да бидат засадени пет милиони садници на површина од 1.150 хектари низ цела Македонија. Приоритети за пошумување се опожарени површини, голини во и надвор од шума во рамки на „Шумско стопанските единици“, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини, локации покрај природни и вештачки езера на територијата на Република Македонија и државни патишта. Ќе се садат повеќегодишни дрвца од видовите даб, питом и див костен, јасен, јавор, каталпа, дива маслинка, липи, смрча, чемпрес, црн орев, багрем, бреза, бор, дуглазија и туја.
XS
SM
MD
LG