Достапни линкови

Рохани го поздрави договорот за иранската нуклеарна програма


Иранскиот претседател Хасан Рохани го поздрави привремениот договор со светските сили за иранската нуклеарна програма. Според него, станува збор за позитивен прв чекор на долго патување. Претседателот во своето телевизиско обраќање по повод 100 дена влада рече дека има сили во светот и веројатно и во Иран кои се противат на договорот. Рохани рече дека со предлог-договорот се очекува олеснување на дел од меѓународните санкции за Исламската република.
XS
SM
MD
LG