Достапни линкови

Путин против политизацијата на украинскиот случај


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не трeба да се политизира одлуката на Украина да се откаже од спогодбата за потесни врски со Европската унија и побара од Брисел да се се откаже од острите оценки за ваквиот потег на Киев. Путин додаде дека Украина, Европската унија и Русија би требало да се сретнат и да разговараат за ова прашање. Претходно украинскиот премиер Микола Азаров призна дека Русија сугерирала одлагање на потпишувањето на спогодбата за асоцијација и трговија меѓу Украина и Унијата. Во меѓувреме, илјадници проевропски украинци ги продолжуваат протестите во Киев и во другите градови против одлуката на владата да се откаже од европската спогодба.
XS
SM
MD
LG