Достапни линкови

Црквата „Светa Софија“ во Истанбул повторно џамија?


Црквата Светa Софија во Истанбул ќе биде модернизирана и повторно ќе стане џамија, пишува денешниот турски весник „Хуријет“, прецизирајќи дека во почетокот на идната година треба да почне реновирање на црквата. Турција и Грција деновиве влегоа во вербален спор за евентуалната повторна промена на намената на оваа туристичка атракција и музеј во Истанбул, во џамија. Византиската црква Света Софија била изградена во 537 година, но во џамија била претворена за време на Отоманското царство. Во 1935 година таа стана музеј и е на списокот на културното наследство на УНЕСКО.
XS
SM
MD
LG