Достапни линкови

logo-print

Иран може да учествува и на преговорите за Сирија


Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека Иран бил подготвен да учествува на мировните преговори за Сирија во Женева. Русија инсистира на овие преговори што треба да се одржат на 22 јануари идната година да учествува и Иран, но тоа не го сакаат сиријската опозиција и западните земји. Денеска шефот на сириската Слободна армија изјави дека неговите сили нема да учествуваат на преговорите и оти за време на нивното тарење ќе ги продолжат борбите. Во меѓувреме, шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус изјави дека на преговорите не би требало да земат учество радикалните исламистички групи и сирискиот претседател Башар ал Асад. Во граѓанската војна во Сирија досега загинале над 100 илјади луѓе, додека милиони други се расселени од нивните домови.
XS
SM
MD
LG