Достапни линкови

Три иновативни претстави на вториот „Фенер“


.

.

Со прикажување на претстави од Унгарија, Бугарија и од Македонија, од 29 ноември до 1 декември, во „Менада“, ГЕМ клубот и во Македонскиот народен театар, ќе се одржи второто издание на Меѓународниот фестивал на куклен театар „Фенер“. Организатор на ова културно случување наменето главно на едукација на децата е скопскиот „ Буден театар“ кој на отворањето на манифестацијата премиерно ќе ја претстави сопствената продукција „Палечка Малечка“.

Во крајно изместен термин, наместо првата декада на април според првично промовираната замисла, Меѓународниот фестивал на куклен театар „Фенер“ овојпат ќе се одржи во деновите од претстојниот викенд. Причината за ова е проста и едноставна – хроничната незаинтересираност на спонзорите за одржување на една ваква културно-едукативна манифестација која иницира проток на информации поврзани со современите иницијативи и моменталните текови во куклениот театар наменет за детска публика на глобално ниво.
Сега за сега е квалитетен, но проблемот е што е мал по обем, но се надеваме дека во годините што следуваат ќе се движи по нагорна линија.

„Ние сакаме Меѓународниот фестивал на куклен театар „Фенер“ да опстои и да се надраснува секоја година. Да стане фестивал кој навистина ќе стане квалитетен и реномиран. Сега за сега е квалитетен, но проблемот е што е мал по обем, но се надеваме дека во годините што следуваат ќе се движи по нагорна линија“, вели Милијана Ленак од „Буден „Копче“ на театарската трупа „Штурче“ од Унгарија.

„Копче“ на театарската трупа „Штурче“ од Унгарија.

театар“, идејните творци и организаторите на случувањето.

Отворањето на тродневната манифестација ќе биде со сопствена продукција - премиерната изведба на „Палечка Малечка“, претстава инспирирана од познатата приказна на Ханс
Ние навистина веруваме во креативната сила на децата. Сакаме да ги инспирираме, сакаме да се чувствуваат дека можат да создаваат, дека умеат да прават нешта и сакаме да им дадеме прилика да го прават тоа во текот на „Фенер“.
Кристијан Андерсен, но авторско дело на актерката и режисерка Ленак.

Станува збор за своевидна пиеса-прошетка, во која децата заедно со актерите се движат низ различните пунктови за игра, поставени во инспиративниот амбиент на „Менада“ и ГЕМ клубот, лоцирани во Старата скопска чаршија. Оваа интерактивна претстава, која патем како проект е подржана од Министерството за култура, има лимитиран капацитет на публика и затоа ќе биде изведена два пати, од 17 и 19 часот, во петок на 29 ноември.
„Приказна за дрвото што пее“ на Државниот куклен театар од Варна, Бугарија,

„Приказна за дрвото што пее“ на Државниот куклен театар од Варна, Бугарија,


„Во принцип е нетрадиционално да се отвори манифестација со претстава која е наменета само за 30 деца, меѓутоа тоа е една од насоките која овој фестивал сака да ја втемели а тоа е дека не е важно колку влезници продаваме туку е важно колку секое едно дете ќе понесе како доживување и како свој бенефит од претставата. Значи, нам не е важно колку ние им даваме на децата, а не колку земаме од нив. “

На вториот фестивалски ден, во Македонскиот народен театар од 18.30 часот, ќе биде одиграна „Приказна за дрвото што пее“ на Државниот куклен театар од Варна, соседна Бугарија, а завесата на ова второ издание на манифестацијата ќе биде спуштена на истата сцена со претставата „Копче“ на театарската трупа „Штурче“ од Унгарија.

Ленак појаснува дека во изборот се воделе од неколку параметри од кои најбитниот е недостатокот на финансии што довело до тоа да се фокусираат само на претставите од регионот за кои не е потребно да се користи авио-превоз, а дури потоа да ја задоволат сопствената потреба да сочинат понуда од квалитетни и над се иновативни дела.

„Се одлучивме за Варненскиот кој што навистина е еден реномиран театар со најдолга традиција во куклениот театар во Бугарија. Тоа е театарот кој исто така е домаќин на најстариот тамошен фестивал за куклен театар „Златниот делфин“ и мислам дека тоа е едно од нештата кој што овој театар го движи и го инспирира секогаш да биде еден чекор понапред од сите останати кај нашиот источен сосед. А, унгарскиот „Штурче“ е еден многу иновативен театар кој што е познат по тоа дека соработува со многу европски куклени театри во копродукции и дека има многу уникатен и специфичен естетски израз и затоа навистина многу ни е драго што и тие се согласија да настапат на „Фенер 2013“.“

Во пресрет на овие две претстави, во фоајето на МНТ од 16.30 часот, ќе се одржат и креативни работилници на кои децата ќе изработуваат фенерчиња, костими и маски, а затворањето на Фестивалот ќе биде одбележано и со нивната прошетка од театарот „Центар“ до кејот на реката Вардар, при што тие ќе ја осветлуваат патеката со реквизитите што сами ги креирале, а за тоа време ќе бидат придружувани од звуците на хармониката на Јордан Костов.

„Ние навистина веруваме во креативната сила на децата. Сакаме да ги инспирираме, сакаме да се чувствуваат дека можат да создаваат, дека умеат да прават нешта и сакаме да им дадеме прилика да го прават тоа во текот на „Фенер“. “
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG