Достапни линкови

Нацрт - декларацијата за Вилнус „разводнета“


Жозе Мануел Баросо

Жозе Мануел Баросо

Во нацрт - резолуцијата за самитот на ЕУ со источното партнерство во Вилнус се намалени условите за членство на 6 - те земји поранешни членки на Советскиот Сојуз.

Како што јави нашиот дописник од Брисел, во нацрт - декларацијата не е вклучен артиклот од европскиот договор дека за апликација на европските земји е неопходно да се почитуваат фундаменталните вредности на Унијата, како што стоеше во претходната декларација која на 29 ти ноември во Вилнус требаше да ја потпишат Украина, Белорусија Молдова, Грузија, Ерменија и Азербејџан.

Во драфтот сега се наведувало дека учесниците на самитот во Вилнус ги реафирмираат европските аспирации и европскиот избор на некои од партнерите и нивната посветеност да градат длабока и одржлива демократија.
XS
SM
MD
LG