Достапни линкови

logo-print

Цивил - долга листата на повреди на човекови права


Дискриминацијата и кршењето на човековите права се широко распротстранети, покажало истражувањето на Цивил.

Годинава има широко распространета дискриминација и кршење на човековите права. Според податоците на невладината Цивил евидентирани се повреди во повеќе области во општеството, како и во секојдневието на луѓето. Организацијата особено изразува загриженост за проблемот на политичка дискриминација истакнувајќи дека е најзабележлива во работните односи, и тоа најмногу во редовите на администрацијата на локално и централно ниво, но оти е присутна и во приватниот сектор.
Алармантно е дека кога еднаш ќе се зачлени во политичка партија, притисоците продолжуваат, тие истите да влијаат на своето семејство, на своите блиски и пријатели.

„Алармантно е дека кога еднаш ќе се зачлени во политичка партија, притисоците продолжуваат, тие истите да влијаат на своето семејство, на своите блиски и пријатели, да се зачленат во некоја од политичките партии, односно во политичката партија во која биле принудени да се зачленат. Таа дискриминација е забележлива во сите сегменти на јавните услуги, почнувајќи од образование, здравство, комунални услуги“, изјави Џабир Дерала од Цивил.
Џабир Дерала

Џабир Дерала


Идентични се и показателите во однос на етничката дискриминација. Според Цивил говорот на омраза е присутен во сите сфери на општеството почнувајќи од медиумите и завршувајќи со суптилни практики на институциите на локално и на централно ниво. Податоците на
Слободата на говорот, како и слободата на медиумите веќе е евидентно дека се практично укинати во Република Македонија.
тимот на Цивил покажуваат дека и покрај проблемот со слобода на медиумите за кои постојано алармираат има и очигледни примери на кршење на правото на слобода на говор, а забележлив е и сè посериозен страв кај луѓето да го искажат своето мислење.

„Слободата на говорот, како и слободата на медиумите веќе е евидентно дека се практично укинати во Република Македонија. Не може да се каже дека постои напредок по која било основа во овој домен и е нешто кое би требало да биде предмет на посебни наши средби со новинарите, но и на пошироко ниво.“

Истражувањата на тимот на Цивил покажуваат дека има и кршење на социјалните права, а забележлива е и дискриминација во образованието особено на сиромашните ученици како и на оние со различна етничка припадност. Дерала посочи дека е долга листата на повреди на човекови права и слободи и повтори дека и понатаму се крши правото за еднаков пристап до правда и оти судството применува драконски казни со селективен пристап. Потребно е овие проблеми да не ги обесхрабрат граѓаните и тие да учествуваат во комуникација со невладините организации и јавноста, истакна Џабир Дерала на прес конференцијата на која ги презентираше податоците од истражувањата за човековите права и нивните злоупотреби во земјава.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG