Достапни линкови

logo-print

Ахмети го повика Кривокапиќ да помогне во спорот за името


Ранко Кривокапиќ

Ранко Кривокапиќ

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го повика шефот на црногорскиот парламент, Ранко Кривокапиќ, во својство на претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, да помогне во решавањето на спорот меѓу Грција и Македонија, јавуваат денеска црногорските медиуми.

Ахмети го повика Кривокапиќ да и ја укаже на меѓународната заедница важноста на решавањето на спорот меѓу двете земји околу името и да ги повика двете страни да преговараат на највисоко ниво.

Само така, според Ахмети, може да се постигне компромис што ќе го спречи блокирање на интеграцијата на Македонија во Европската Унија и НАТО.
XS
SM
MD
LG