Достапни линкови

Политичарите ветуваат, граѓаните се надеваат


Политичарите ветуваат, граѓаните велат дека реалноста ги демантира на секој чекор, но се надеваат на подобро утре.

Во морето големи политички ветувања овојпат е забележливо дека политичарите на граѓаните им го нудат само она што им е важно за нивната егзистенција и живот. Така опозицијата тврди дека нема да има трошење пари за споменици и слични работи, туку ќе се инвестира во инфраструктура и патишта. Во меѓувреме и власта најави дека ќе гради автопатишта. Сите зборуваат и за социјалната чувствителност и оти сакаат да им помогнат на сиромашните и невработените.
Не верувам, затоа што премногу има реклама, затоа не верувам.
Анкетирана граѓанка.

Дел од граѓаните изјавуваат дека гледаат како од сите страни политичките партии се натпреваруваат во набројувања што сè планираат да направат за да може што побргу животот да им го направат покомотен и се чудат кому да поверуваат, бидејќи, како што велат, реалноста ги демантира на секој чекор.
Граѓаните мора во нешто да веруваат, друго нема. Најлошото е тоа што бројот на тие граѓани што воопшто не им веруваат на политичарите е сè уште голем.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

„Не верувам, затоа што премногу има реклама, затоа не верувам, не оставаат многу простор за верба, едноставно сè што многу се рекламира не значи дека е така и не е така.“

„Лажат! Дојди еден на власт не чини, другиот исто така. Еве, 15 години сум без работа, имам фамилија со деца, со внуци, никој не е вработен.“

„Јас сум политички неопределен, тоа што треба да се верува ќе покаже времето, тоа што е ветување останува само на зборови и ништо повеќе. Сепак, има уште многу луѓе што веруваат во тоа и луѓе што не веруваат и не се убедени од тие ветувања“, велат анкетираните граѓани.

Не е никаква тајна дека политичарите по правило лицитираат со понуди, а дека, како што се приближуваат избори, количеството на такви понуди се зголемува, велат експертите. Меѓутоа анкетите покажуваат дека партиите ја губат поддршката од граѓаните. Во истражувањето на невладината МЦМС за довербата на граѓаните во институциите, партиите добија најниска оценка, вели Александар Кржаловски.

„Таму партиите фигурираат со најниска доверба од сите овие институции со 27,9 отсто што е зголемување во однос на претходното од 23,3 отсто, меѓутоа
се уште не го достигнале своето највисоко ниво од 2008 година кога беше речиси 30 отсто“, вели Кржаловски.

Показател дека на граѓаните им е преку глава од политичката пропаганда е и тоа што 30 проценти од нив не излегуваат да гласаат, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани. Од друга страна, Рамадани додава дека дел од народот им верува на ветувањата на политичарите, бидејќи постои голема партиска поделеност во општеството.

„Граѓаните мора во нешто да веруваат, друго нема. Најлошото е тоа што бројот на тие граѓани што воопшто не им веруваат на политичарите е сè уште голем“, вели Рамадани.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG