Достапни линкови

logo-print

Франција ќе прати 1000 војници во Централно Африканската Република


 Централно Африканската Република

Централно Африканската Република

Франција ќе испрати илјада војници во Централно Африканската Република како превенција на граѓанската војна.

Ова го изјави францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дриан ден по предупредувањето на ОН за масовни убиства и за хаос во земјата по остранувањето на владата пред неколку месеци.

Се очекува Советот за Безбедност да го одобри разместувањето на француските сили. Централно Африканската Република, бивша француска колонија, има 4,5 милиони население и е зафатена од верско насилство меѓу христијаните и муслиманите.
XS
SM
MD
LG