Достапни линкови

logo-print

САД - На Македонија и на Грција е да решат што е прифатливо


САД остануваат активни подржувачи на решението на спорот за името, но, останува Македонија и Грција да решат што е прифатливо за нив, изјави Џонатан Мур, директор во канцеларијата за Балкан во американскиот Стејт департмент.

„Навиваме за да се изнајде договор, Можностите пред Македонија се големи, да се придвижи кон Европската Унија, и зависно какви се правните норми, да може да стане членка на НАТО скоро веднаш штом се најде решение за прашањето на името. Тоа би требало да ги мотивира политичките водачи во Македонија да сторат што може да се изнајде решение, а во исто време, треба да се работи и во Грција, изјави Џонатан Мур, кој вчера во Вашингтон учествуваше на дебата за иднината на интеграциите на балканските земји која се одржа во фондацијата Карнеги.

На расправата, повеќе учесници ја истакнаа новата, зголемена улога на Германија во Европа, и нејзиниот интерес за решавање на некој спор, како односите меѓу Србија и Косово, го посочија како решавачки.
XS
SM
MD
LG