Достапни линкови

Обама го брани договорот со Иран


Американскиот претседател Барак Обама ги отфрли критките на новиот меѓународен нуклеарен договор со Иран. Тој ги обвини критичарите дека наместо да го поддржат она што е најдобро за американската безбедност почнале да играат политички игри.

Претседателот Барак Обама цврсто застана зад новиот договор со Иран и покрај критиките од американскиот сојузник Израел, како и од некои конгресмени од Републиканската партија. Според нив, договорот му дава предност на Техеран и го ослабува меѓународниот притисок врз Исламската република.
Тешки разговори и фалења можеби се најлесни работи во политиката, но не и вистинската работа за нашата безбедност.

„Тешки разговори и фалења можеби се најлесни работи во политиката, но не и вистинската работа за нашата безбедност“, изјави Обама. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Барак Обама

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Барак Обама



Договорот меѓу Иран и шестте светски сили, постигнат во неделата во Женева, предвидува суспендирање на делови од иранската нуклеарна програма.

Ако Иран ја зграпчи оваа можност и избере да и се приклучи на глобалната заедница, тогаш можеме да започнеме да ја намалуваме повеќегодишната недоверба меѓу нашите две земји.
За возврат, Иран ќе добие извесно олабување на економските санкции кои ја уништуваат иранската економија.

Договорот е со важност од шест месеци, период кој светските сили и Иран треба да го искористат за да дојдат до трајно решение на спорот.

Претседателот Обама оцени дека договорот со кој се задржува иранскиот нуклеарен прогрес е победа на дипломатијата.

„Ако Иран ја зграпчи оваа можност и избере да и се приклучи на глобалната заедница, тогаш можеме да започнеме да ја намалуваме повеќегодишната недоверба меѓу нашите две земји. Тоа нема да биде лесно, но не можеме да и ја затвориме вратата на дипломатијата“, вели Обама.

Тој додаде дека ќе врши притисок за продолжување на преговорите во наредните месеци со цел да се најде конечно решение за иранската нуклеарна програма за којa Западот се сомнева дека е со цел развивање атомско оружје.

Иран ги демантира ваквите наводи и инсистира дека програмата е за електрична енергија и медицински потреби.

„Меѓународните инспектори ќе имат досега невиден пристап до иранските објекти поврзани со нуклеарната програма, така што тоа ќе помогне Иран да не дојде до нуклеарно оружје“, рече Обама.

Претходно, Европската унија најави дека до крајот на годинава би можело да ги олесни санкциите против Иран.

Санкциите би можело да бидат повторно воспоставени доколку Иран не ги исполни преземените обврски.

Според договорот, Иран се согласи да не збогатува ураниум над 5 насто и да ги неутрализира прачките ураниум кои се збогатени до 20 проценти, што е границата за изградба на нуклеарно оружје.

Исто така Иран веќе нема да инсталира нови центрифуги за збогатување ураниум и ќе им одобри на инспекторите на Обединетите нации пристап до нуклеарните постројки Натанц и Фордоу.

За возврат на Иран му се олеснуваат санкциите што, според проценките, ќе значи финансиска заработка од 7 милијарди долари, пред се од извоз на иранска нафта.

Вашингтон и сојузниците ветија дека во наредните шест месеци нема да воведуваат нови санкции против Техеран.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG