Достапни линкови

logo-print

Ховит-Македонија да ги започне преговорите со ЕУ


Известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит

Известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит

Известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит побара Македонија без одложување да ги почне преговорите за членство во Европската унија, оти не е само загрозен кредибилитетот на Брисел, туку и на Обединетите нации чија преговарачка рамка за решение на проблемот со името не дава резултат.
Ховит на дебатата во Комисијата за надворешни работи при Европскиот Парламент порача дека преговорите за членство треба да започнат, да се одреди датум, а не само да почне скрининг-процесот. Ховит е изготвувач на предлог-Резолуција за Македонија која ЕП ќе треба да ја усвои во февруари идната година.
XS
SM
MD
LG