Достапни линкови

Ристевска со „Буре барут“ во Благоевград


Плакат за театарската претстава „Буре барут“ во режија на македонската режисерка Софија Ристевска.

Плакат за театарската претстава „Буре барут“ во режија на македонската режисерка Софија Ристевска.

Македонската режисерка Софија Ристевска, на сцената на Драмски театар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, соседна Бугарија, го постави „Буре барут“ - култниот текст на Дејан Дуковски. Премиерата на претставата која е за длабоките морални принципи, силните лични емоции и комплицираните меѓучовечки односи кои што на Балканот секогаш преминуваат од една во друга крајност, е на 26 и 27 ноември, а ова е убав показ за јакнење на взаемните културни врски и довербата помеѓу двете држави.

Софија Ристевска, по цела една декада од својата дипломска претстава „Балканот не е мртов“, повторно се јавува со режија на текст на нашиот Дејан Дуковски во Република Бугарија. Овојпат, како свој трет проект во соседната држава, таа на сцената на Драмски театар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, ја постави „Буре барут“ - постановката која што е „мозаик од истории за човекот од Балканот кој што е во вечна потрага по љубов, среќа и благосостојба и кој, со сите сили, се бори да остане достоен, морален и слободен“.
Тој некој балкански менталитет и таа оска на љубовта и омразата, од целиот тим , од целата екипа, многу добро беа разбрани и мислам дека направивме еден многу современ театарски спектакл.

„Соработката со државниот театар „Никола Вапцаров“ се случи преку поранешната директорка Надја Арсенова којашто ме познава многу одамна. Таа ме покани во театарот и идејата беше да поставиме македонски текст затоа што државниот театар „Никола Вапцаров“ е театар кој што опфаќа еден огромен регион – регионот на Пиринска Македонија во Бугарија и згора на тоа единствен голем театар во таа област, па така јас решив тоа да биде „Буре барут“ на Софија Ристевска.

Софија Ристевска.

Дејан Дуковски затоа што, според мене, тоа е еден од најсовремените и најинтересните македонски текстови коишто воопшто постојат“, истакнува Ристевска.
Уметниците се огромна сила и навистина можат да ги обединат културите на Балканот. Според мене треба да има само повеќе контакти.

Таа дополнува дека во меѓувреме раководството се променило, но дека идејата за постановката си останала, па така по пробите во јули, на крајот од октомври и во ноември тие стигнале до премиерната изведба што ќе се обистини овие два дена во театарот кој брои над 30-тина актери ( што остава простор за редовен и разнообразен репертоар) и во кој досега работеле едни од најголемите бугарски режисери и глумци.
Актерите од „Буре барут“.

Актерите од „Буре барут“.


Со оглед на тоа дека Софија Ристевска, како завршен студент на Националната академија за театар и филм во Софија, и самата и припаѓа на „бугарската театарска школа“, таа разбирливо остварила одлична соработка со актерите и вели дека тие заедно направиле своевиден сценски спектакл за кој се надева дека ќе го види и македонската публика.

„Тој некој балкански менталитет и таа оска на љубовта и омразата, од целиот тим , од целата екипа, многу добро беа разбрани и мислам дека направивме еден многу современ театарски спектакл за кој што се надевам дека ќе успее да го погледне и публиката во Македонија затоа што планираме да поканиме неколку селектори од фестивалите во нашата држава.“

Она , што пак е особено значајно, а патем е врзано со овој проект, е тоа што претставата „Буре барут“ функционира и на едно друго ниво – станува убав показ за јакнењето на взаемните културни врски и довербата меѓу двата народа. Од таму, нималку не треба да чуди кога режисерката тврди дека „уметниците се огромна сила и навистина можат да ги обединат културите на Балканот“.

„Уметниците се огромна сила и навистина можат да ги обединат културите на Балканот. Според мене треба да има само повеќе контакти. Тоа е многу важно за да има и размена на продукции, размена на продукции, на енергии, за да може да се работи во најразлични театри на Балканот и во Европа.“

Инаку, во благоевградската „Буре барут“ учествуваат актерите Петар Ќосев, Лачезар Кацарски, Андраш Кончалиев, Александар Митев, Канчо Канев, Соња Дјулгерова, Божана Косева и други.

Преводот на текстот е на Младен Алексиев, сценографијата, костимите и анимацијата се на Канчо Касабов, видеото на Јавор Веселинов, кореографијата на Александра Хонг, а музиката на Петар Димитровски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG