Достапни линкови

Телефонски разговор Обама-Нетанјаху за иранскиот договор


Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со договорот за иранската нуклеарна програма што беше постигнат вчера во Женева. Нетанјаху го нарече договорот „историска грешка“. Според договорот, шесте светски сили се согласија да ги олеснат санкциите кон Иран, додека Техеран се согласи да прекине со некои аспекти од програмата и да дозволи интензивирање на меѓународните инспекции. За време на разговорот, Обама му рекол на Нетанјаху дека Израел и САД треба веднаш да започнат консултации во врска со ова прашање. Израел и други земји се сомневаат дека иранската нуклеарна програма служи за развивање на атомско оружје. Тел Авив смета дека нуклеарно вооружен Иран ќе биде закана за опстанокот на Израел и најави дека ќе ги искористи сите неопходни мерки, вклучително и воен напад, за да го спречи Техеран да дојде до такво вооружување. Обама ја повтори посветеноста на САД за безбедност на Израел.
XS
SM
MD
LG