Достапни линкови

Украина може да потпише договор со ЕУ следната година


Украинскиот премиер Микола Азаров изјави дека Украина може да го потпише Договорот за асоцијација со ЕУ на Самитот ЕУ-Украина наредната година. Тој вчера рече дека ЕУ целосно ја разбира економската ситуација на Украина и дека никој во Брисел не го исклучува потпишувањето на договорот. Минатата недела Киев соопшти дека ги прекинува подготовките за потпишување на договорот за кој долго се преговараше. Спогодбата требаше да биде потпишана на Самитот на Источното партнерство што ќе се одржи во Вилнус на 28 и 29 ноември. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе на 22 ноември изјави дека Киев може да го потпише договорот наредната година. Азаров исто така рече дека опозициските политичари прават сензација од владината одлука да го откаже потпишувањето на договорот како да е „трагедија“ со цел да ја „дестабилизираат социјалната и политичка ситуација“ во земјата. Десетици илјади Украинци вчера се собраа во Киев на про-ЕУ протест во организација на опозицијата.
XS
SM
MD
LG