Достапни линкови

logo-print

Најмалку 160 загинати во судири во Сирија


Најмалку 160 луѓе загинале во вчерашните судири меѓу сириските безбедносни сили и бунтовниците во близина на упориште на опозицијата источно од Дамаск, соопштија сириски активисти. Сириската опсерваторија за човекови прва со седиште во Лондон соопштува дека меѓу бунтовниците има странски џихадисти лојални на Ал Каеда, а владините сили се потпомогнати од либански Хезболах. Во судирите загинале и најмалку двајца медиумски активисти кои го покривале настанот. Од државните медиуми нема коментари за судирите.
XS
SM
MD
LG