Достапни линкови

Изненадување на регионалните избори во Словачка


Крајно десничарскиот политичар Мариан Котлеба, кого го следат наводи за неонацизам, победи во вториот круг на регионалните избори во регионот Банска Бистрица во централна Словачка. Според изборната комисија, тој освоил 55,5 отсто од гласовите на вчерашните избори. Неговата победа е изненадување со оглед на тоа што изгуби во првиот круг со освоени нешто повеќе од 30 отсто од гласовите. Котлеба не водеше кампања и учествуваше само на една предизборна дебата, но победи на изборите пред сè поради апатијата кај гласачите. Само 17 отсто од луѓето со право на глас излегоа на изборите. Котлеба беше претседател на Словачко заедништво-Народна партија, која со симпатии гледа на марионетската нацистичка држава во Словачка за време на Втората светска војна и организира анти-ромски протести. Во моментов тој е на чело на партијата Наша Словачка.
XS
SM
MD
LG