Достапни линкови

logo-print

Авганистан - убиство поради недозволен брак


Илустрација - Авганистан.

Илустрација - Авганистан.

Една 20-годишна Авганистанка и нејзиниот партнер биле убиени во северен Авганистан откако се обиделе да стапат во брак кој не бил одобрен. Двојката била застрелана кога се обидувале да побегнат со автомобил, соопштија локалните власти. Тамошната полиција вели дека убиството го наредиле локалните старешини во областа Пол-е Кумри. Одделението за женски работи во Баглан, потврди дека одлуката за убиство на двојката која сакала да стапи во брак, била донесена од страна на локалните старешини. Властите започнаа истрага за случајот.
XS
SM
MD
LG